Седум ипол години затвор за дедото на Тамара за пукањето во Тодоров
Љупчо Стојановски, дедото на Тамара која почина чекајќи операција во странство, е осуден на седум години и шест месеци затворска казна за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Судиката Софија Лаличиќ во образложението за пресудата рече дека за време на рочиштето, одбраната на обвинетиот била концентрирана кон недоверба кон институциите, а не кон барањеправда.
Според одбраната пресудата не е коректна бидејќи судот немал доволно докази за пукањето на пиштолот со тоа што и МВР потврдила дека обвинетиот немал барутни честички на раката.
Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство.