Анкара: Курдите се уште не го напуштиле Манбиџ и покрај договорот
Официјална Анкара соопшти дека припадниците на сириската курдска милиција (ЈПГ) не се целосно повлечени, туку се уште се повлекуваат од стратешкиот северен сириски град Манбиџ.
Турција и САД минатиот месец најавија дека постигнале договор со курдската милиција да го напушти Манбиџ. Воениот совет на Манбиџ, кого го поддржува Вашингтон, вчера соопшти дека припадниците на ЈПГ целосно се повлекле, додека турското Министерство за надворешни работи соопшти дека тие извештаи се преувеличени и не соодветствуваат со вистината.
Турција смета дека Единиците за заштита на народот - ЈПГ се терористи, додека Вашингтон ги поддржува затоа што милицијата се бори против Исламска држава во Сирија.