Поддршка за Балканот, ЕУ да ги запре преговорите со Турција, оценува Курц
Австрискиот канцелар Себастијан Курц го поздрави Договорот меѓу Скопје и Атина и предлага ЕУ да ги прекине преговорите со Турција.
„Топло го поздравуваме договорот меѓу двете страни. Тој покажува дека упорните преговори и дипломатијата носат резултат. За Австрија, регионот на Западен Балкан е основен приоритет во нашата надворешна и европска политика, но и на нашето претседателство со ЕУ. Ја поддржуваме линијата на комесарот за проширување, Јоханес Хан. Обезбедувањето чесен и веродостоен пат кон ЕУ за земјите од Западен Балкан им служи на нашите интереси на безбедносно, политичко и економско ниво“.
Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ додавата и тоа дека треба веднаш да запрат преговорите меѓу Анкара и ЕУ, бидејќи, како што вели, Турција во изминатите години се оддалечува од Европа и од европските вредности.