СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја брани државата туку сопствениот криминал
Интересот и целта на ВМРО-ДПМНЕ не се иднината и напредокот на државата, туку одбрана на криминалот сторен од врвот на партијата, реагираше владејачката СДСМ на соопштнието на опозицијата во која таа оценува дека „народот им рекол 'не' на расипништвото и капитулантството на Владата“.
„ВМРО-ДПМНЕ во очај полни автобуси со граѓани и ги принудува да го бранат криминалот. Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку условување за амнестија да ја закочи македонската иднина. Граѓаните се цврсто определени за влез во ЕУ и НАТО и затоа достојно го прославија историскиот успех - покана за влез во НАТО и датумот за преговори за членство во ЕУ. Граѓаните велат не за амнестија на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните велат да за членство во ЕУ и НАТО, граѓаните велат да за македонската иднина“, реагираше СДСМ.