Љајиќ: Македонија, Србија и БиХ итно да се состанат заради косовските царини
Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ денеска најави дека ќе побара итен состанок со ресорните министри на Македонија и БиХ по повод одлуката на Косово за зголемување на царините за 30 отсто за увоз на одредени видови овошје, зеленчук и пченка.
Како што изјави Љаиќ, покрај средбата со македонските и босанските колеги на која ќе биде заземен заеднички став и ќе бидат предложени конкретни мерки, ќе побара и итна седница на Комитет на договорот за слободна трговија на земјите од центарлна Европа (ЦЕФТА), бидејќи, нагласи, директно е прекршен овој Договор.
„Косовските институции мора јасно да кажат дали и понатаму сакаат да бидат дел од ЦЕФТА-договорот или не сакаат, рече Љајиќ“.