ЕУ има контрамерка ако САД царинат европски возила
Ако САД се одлучат за царинење на европските возила, како што предлага претседателот Доналд Трамп, ЕУ веќе има готов список на производи кои исто така ќе се оданочат, предупреди денеска еврокомесарка за трговија, Сесилија Малмстром, јави ДПА.
„Доколку САД наметне царини врз автомобилите, тоа би било многу несреќно. Заедно со членките на Унијата подготвуваме список на мерки на ребаланс во тој дел“, изјави Малмстром.
Еврокомесарката не прецизираше кои производи би биле погодени со контрамерката, но, неофицијално се споменуваат јагленот и производи од хемиската и фармацевтската индсутрија кои се важни делови од американската економија.