Турски оџа уапсен за сексуално малтретирање деца
Турскиот оџа Аднан Октар, кој имал своја верска секта со 150 следбеници, е уапсен поради обвинение за сексуално малтретирање деца, соопшти турската полиција.
Според турските медиуми, Октар основал телевизиски канал преку кој проповедал, честопати придружуван од скудно облечени жени кои ги нарекувал „мачиња“.
Според обвинението, освен што сексуално малтретирал деца, Октар се сомничи и за финансиски криминал, измами и малтретирање.