Велешките сајтови само ги копирале лажните вести од САД
Се рашири лажна фама дека во Велес се креираа лажни вести за американската политика, што не е точно. Велешките сајтови само ги копираа содржините од американски конзервативни сајтови кои сè уште постојат, вели адвокатот Трајче Арсов, кој беше посочен како човекот кој „ги измисли“ велешките сајтови кои ја потресоа американската политичка и медиумска сцена.