Ахмети: Договор нема, но не се исцрпени сите опции
По завршувањето на денешната лидерска средба на која претседателите на четирите најголеми партии во Македонија не постигнаа договор, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека сите политички партии се заинтересирани да се најде решение за надминување на кризата, но дека има разлики во изнаоѓањето на тоа решение.
„Сите треба да се ангажираме за да имаме успешна имплементација на договорот постигнат со грчката страна. Договор нема, но не се исцрпени сите опции и останува наредните денови да продолжиме со разговорите и очекувам сите да дејствуваме храбро и да не ја пропуштиме оваа историска шанса“, изјави Ахмети.