Владата ќе троши милиони на луксузни лимузини, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини владата дека ќе троши народни пари за нови луксузни лимузини.
„Додека Зоран Заев, на големо ги распродава државните и националните интереси, криминалниот картел расипнички се расфрла со парите на граѓаните. На сметките на фирми кои се блиски до СДСМ, легнуваат милионски суми пари на граѓаните, а функционерите се натпреваруваат кој ќе се вози во полуксузна лимузина“, вели Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека се дограбија до власт, вели Нелоски, „немаше протест во кој што не прашуваа за секоја набавка „колку Тамари чини”, а сега кога тие одлучија расипнички да ги трошат парите на граѓаните не помислувајќи на колку дечиња може да им се помогне со милионите што ги трошат за луксуз“.