Грабар-Китаровиќ: Ширењето на НАТО не е насочено против Русија
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, во интервју за московски „Комерсант“, вели дека го поддржува ширењето на НАТО во регионот, но дека секоја земја сама треба да одлучи дали ќе се приклучи кон Алијансата.
„Сакам да им порачам на Русите: ширењето на НАТО на ниту еден начин не е насочено против Русија, ние Русија не ја доживуваме како противник“, вели хрватската претседателка во интервјуто.
Таа оценува дека евроатлантските интеграции на сите земји од Југоисточна Европа се „неопходен услов за мир и стабилност во регионот“.