Маас: Проширувањето на ЕУ на Западен Балкан е стратешки интерес
Стратешки интерес на Европската унија да се прошири на Западен Балкан, бидејќи во спротивно Кина и Русија ќе се здобијат со влијание во регионот, изјави министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас по состанокот во Берлин со албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.
Маас рече дека е цврсто уверен дека луѓето од Западен Балкан сакаат да живеат на начинот на кој се живее во Европа, а не како во Кина или Русија. Тој истакна истакна дека Македонија и Албанија почнале да ги спроведуваат реформите потребни за членство во ЕУ, а оти Германија гледа „многу позитивно на проширувањето на ЕУ во Западен Балкан.“