Конгрес на ДПА во Тетово
Совет за организирање на Седмиот конгрес соопшти дека Демократската партија на Албанците ги завршил подготовките и дека седмиот Конгрес на ДПА ќе се одржи в сабота, на четврти август.
Годинешниот партиски конгрес на ДПА ќе се одржи во Домот на Културата во Тетово, под мотото „Еден чекор напред", информираат од Совет за организирање на Конгресот.