Заев и Борисов по втор пат заедно на Илинден
Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов утре заедно, по втор пат, ќе го одбележат Илинден. Премиерите ќе учествуваат на чествувањето на празникот во Благоевград, каде заедно ќе положат венци на споменикот на Гоце Делчев.
По чествувањето во црквата Свети Спас во Скопје, ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка помеѓу Бугарија и Македонија.
Во македонската делегација ќе биде и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а Борисов ќе го придружува бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.