Франција ги заострува законите, сексуален однос со дете под 15 години е силување
Сексуален однос со дете под 15 години ќе се смета за силување, е дел од законот кој францускиот парламент, без ниеден глас против, го усвои за да се санкционираат сексуалните односи со малолетниците и да се обезбедат казни за уличното малтретирање, објави Франс инфо, а пренесоа западните новински агенции.
Левичарите беа воздржани, со образложение дека законот не оди доволно далеку за да се спротивстави на сексизмот и да придонесе за нега на жртвата. Законот веќе помина во Сенатот.
Законот за злоупотреба на малолетници стана актуелна тема годинава, отакако францускиот суд обвини 29-годишен маж за силување на 11-годишно девојче, одбивајќи ги тврдењата на одбраната дека сексуалниот однос бил договорен.