Илинден во знакот на договорот за името и референдумот
Премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери во своите обраќања по повод прославата на Илинден порачаа дека граѓаните на референдумот за името треба да донесат одлука за иднината на Македонија и за нејзиното членство во ЕУ и НАТО. Претседателот Ѓорге Иванов пак истакна дека договорот за името е штетен и оти ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за негово прифаќање.