Естонија ги прекина вежбите на НАТО
Министерот за одбрана на Естонија Јури Луик нареди прекин на воздухопловните вежби на НАТО во Естонија поради истрагата покрената откако шпански борбен авион по грешка истрелал ракета. Луик изјави дека ракетата од типот воздух воздух се уште не била пронајдена. Постои веројатност дека ракетата експлодирала во воздух.