Макрон разговараше со Путин за здравствената состојба на режисерот Сенцов
Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека тој и рускиот претседател Владимир Путин разговарале за маките на украинскиот режисер Олег Сенцов, кој околу три месеци штрајкува со глад во руски затвор.
„Претседателот на републиката му ја пренесе својата загриженост на претседателот Путин, со оглед дека здравјето на Сенцов е значително влошено и важноста дека Русија итно треба да најде хуманитарно решение на ситуацијата“, наведуваат од канцеларијата на Макрон.
Денеска исто така ЕУ ги повика руските власти да го преместат Сенцов во медицинска установа и да му дадат соодветна медицинска нега, бидејќи неговото здравје е значително влошено.
Гласниот противник на преземањето на Крим од страна на Руисја во 20014 година, во 2015 година беше осуден на 20 години затвор, откако беше обвинет за заговор за спроведување терористички акции, обвинувања за кои тој и групите за човекови права ги сметаат за политички мотивирани.