Стандард енд Пурс: Турција догодина во рецесија
Агенцијата „Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Турција на „Б плус“ наведувајќи дека падот на вредноста на лирата ќе доведе до послаба економија следната година, објави АП.
„Значителното намалување на лирата има негативни фискални димензии и во исто време врши притисок врз корпоративните биланси и притисокот врз домашните банки станува се поголем“, се наведува во соопштението на „Стандард енд Пурс“.
Агенцијата прогнозира дека Турција следната година ќе влезе во рецесија.
„Во следните четири месеци инфлацијата ќе достигне до 22 проценти, а во средината на 2019 година ќе се намали до под 20 отсто“, посочува агенцијата за кредитен рејтинг, додавајќи дека реакцијата на турската Влада е „ограничена“.
И агенцијата „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Турција, истакнувајќи дека условите можат да предизвикаат инфлација.