Путин на свадба на австриската министерка за надворешни работи, политичарите негодуваат
Претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, денес во Австрија ќе биде гостин на свадбата на министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајлс.
Австриските медиуми бележат дека шефот на руската држава нешто после пладне слетал на аеродромот во Грац а такво внимание, почнувајќи од слетувањето, доаѓањето на Путин му придаваат поради фактот дека неговата приватна посета на свадбата на министерката наишла на голема бура во политичката јавност на земјата, бидејќи Русија е под санкции на ЕУ, а Австрија претседава со Унијата.
Путин, кој како подарок за младенците донел козачки ансамбл, во Австрија ќе престојува само неколку часа бидејќи во 18 часот има состанок со германската претседателка Ангела Меркел во Германија.