Гутереш: Четири опции за заштита на цивилите во Газа
Генералнот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во својот најнов извештај предложи четири опции за заштита на палестинските цивили во појасот Газа, но без да даде посебна препорака, објави Ројтерс.
„Комбинацијата од продолжена воена окупација, постојана безбедносна закана, ослабеноста на политичките институции и ќорсокакот на мировниот процес претставуваат безбедносен предизвик кој е многу сложен и политички, и правно и практично“, напиша Гутереш.
Тој кажа дека вооружени припадници на мировна мисија на ОН или оружени сили кои работат во рамки на мисија на ОН би можеле да бидат распоредени за да пружаат физичка заштита, но таа опција бара одобрување од Советот за безбедност и САД кои се блиски сојузници на Израел и кои најверојатно ќе стават вето.
„Цивилни набљудувачи на ОН или кои не припаѓаат на ОН исто така би можеле да бидат распоредени со специфичен мандат за да известуваат за заштитата и да обезбедуваат локална медијација“, се вели во извештајот на Гутереш.
Третата опција, според него, би можела да биде продолжување на актуелните програми на ОН и равој на хуманитарната помош за да се задоволат потребите на палестинските цивили, додека четвртата опција е испраќање дополнителни членови на агенцијата на ОН за човекови права, координација и поставување политички службеници за да се зајакне мониторингот и известувањето за ситуацијата, како и засилена „видливост“ на ОН, објави Ројтерс.