Трамп ја откажа посетата на Помпео на Северна Кореја
Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека му рекол на државниот секретар Мајк Помпео да ја откаже неговата закажана посета на Северна Кореја следната недела, поради недостатокот на напредок во денуклеаризацијата на полуостровот. Во забелешките на Твитер, Трамп, исто така, ја критикуваше Кина, во врска со напорите да го убеди Пјонгјанг да се откаже од своето нуклеарно оружје.
"Му реков на државниот секретар Мајк Помпео да не оди во Северна Кореја, бидејќи чувствувам дека не не направен доволен напредок во однос на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров", напиша Трамп. "Покрај тоа, поради нашиот многу посериозен став за тргување со Кина, не верувам дека тие помагаат во процесот на денуклеаризацијта, (и покрај санкциите на ОН што се во сила)", додаде тој.