Најмалку двајца загинати во експлозија во Авганистан
Најмалку две лица загинаа, а четворица се ранети во експлозија во близина на канцеларијата на авганистанската изборна комисија во источниот град Џалалабад, каде што се собраа десетици демонстранти, објавија официјални лица. Демонстрантите се собраа во знак на поддршка на парламентарен кандидат кој изборните функционери го дисквалификуваа поради сомневања дека има врски со милитантните групи. Атахулах Хоџани, портпарол на гувернерот на провинцијата Нангархар, изјави дека повредените биле пренесени во болница, а еден е во критична состојба. Тој рече дека бројот на жртви најверојатно ќе се зголеми. Немаше непосредно преземање одговорност за нападот.