САД ја критикува ЕУ за испраќањето помош за Иран
Главниот американски претставник за Иран ја критикуваше одлуката на Европската унија за давање помош од 18 милиони евра за Техеран, велејќи дека испраќа "погрешна порака во погрешно време". "Странската помош од европските даночни обврзници ја поттикнува способноста на режимот да ги занемари потребите на својот народ и ги задушува значајните промени во политиката", наведува Брајан Хук, специјалниот претставник на САД за Иран.
"Иранскиот народ се соочува со многу реални економски притисоци предизвикани од корупцијата на владата, лошото управување и големите инвестиции во тероризмот и во странските конфликти", доплни Хук. Тој рече дека "Соединетите Американски Држави и Европската унија треба да работат заедно за да најдат трајни решенија кои вистински го поддржуваат народот на Иран и ги затвораат заканите на режимот за регионална и глобална стабилност".
Критиките на САД доаѓаат по одлуката на ЕУ да обезбеди 20,7 милиони долари помош за Иран за да се надомести влијанието на економските санкции на САД, бидејќи европските земји се обидуваат да го спасат нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и светските сили што САД ги напуштија во мај. Исплатата доаѓа околу една недела откако САД повторно воведоа санкциите пртив Иран.
Хук ја повика ЕУ да ги напушти напорите за исполнување на барањата на Иран и да им се придружи на Соединетите Американски Држави, во економскиот притисок врз шиитските муслимански свештеници кои владеат со Иран.