Почина актерот Ванчо Петрушевски
Македонскиот актер и доајен на Драмскиот театар Ванчо Петрушевски почина денеска на 67-годишна возраст.
Директорот на Драмски театар Сашо Тасевски на Фејсбук напиша дека Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот, а ка комеморацијата и погребот дополнително ќе известат“.
Дел од медиумите пренесуваат оти МВР денеска добиле повик од Итната медицинска помош за смрт кај лице во Орешани и дека кон местото е упатена полициска екипа за увид. Засега нема точни информации како починал актерот. Најверојатно загинал од струен удар.
Ванчо Петрушевски (67) веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми и серии. Добитник е на голем број награди.