Најмалку 16 загинати во автобуската несреќа во Бугарија
Бугарските власти велат дека во падот на туристички автобус во близина на главниот град Софија, загинаа најмалку 16 лица, а повредени се 26 луѓе. Бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев, рече дека автобусот се превртел на автопатот вчера попладне , за време на туристичка викенд посета. Министерот за здравство Кирил Ананиев првично рече дека 15 лица загинале, но лекарите изјавија дека уште едно лице загинало во болницата во Софија за итни случаи.
Бугарскиот радиотелевизиски сервис БТП објави дека патниците биле на пат за да посетат манастир. Полицијата соопшти дека несреќата, во близина на градот Своге, се случила кратко време по 17 часот по локално време. Автобусот уништи четири други возила, додаде полицијата. Градоначалникот на Божуриште им изјави на новинарите дека сите патници се од неговото село северно од главниот град. Бугарската влада објави дека понеделник 27 август ќе биде национален ден на жалост.