Претседателството на Косово за состанокот во Виена
Од претседателство на Косово соопштија дека австрискиот канцелар Себастијан Курц беше домаќин на денешниот состанок во Виена, на кој присуствуваа претседателот на Косово Хашим Тачи, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на ЕУ за проширување Јоханес Хан.
На средбата се зборуваше за дијалогот на Косово и Србија, додека Куртц ги охрабри двете страни да продолжат со напорите за постигнување на договорот.
"Постигнувањето на спогодбата е главен предуслов за членство на двете држави во ЕУ. Австрија поддржува дијалог и постигнување на спогодби, како и интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ", рече Курц.
Тачи изјавил дека поддршката на Австрија и другите земји-членки на ЕУ, како и на САД, за решавањето на договорите се решавачки во финалната фаза на "тешкиот, но неопходен дијалог".
Курц изјавил дека при претседавањето на Австрија со ЕУ главен приоритет ќе бидат политиката на проширувањето и добрососедството, како и безбедноста и миграцијата.