Разговараа Вучиќ, Тачи, Курц и Хан
Српскиот претседател Александар Вучиќ се состана во Виена пред почетокот на самитот на ЕУ во Алпбах, со косовскиот претседател Хашим Тачи, австрискиот канцелар Себастијан Курц и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.
Домаќинот на средбата, австрискиот канцелар Курц, истакна дека приоритетите на Австрија, која претседава со ЕУ, политиката на соседството и проширување, безбедност и миграција, со мотото "Европа која штити", беше објавено од претседателството на српскиот претседател.
Курц ги охрабри учесниците во дијалогот да продолжат со разговорите и истакнаа дека ова е предуслов за пристапување во ЕУ, истакнувајќи дека Австрија за време на нејзиното претседателствување особено се залага за европска перспектива на сите земји од Западен Балкан.