Во Молдавија протести на опозицијата
Илјадници луѓе денеска се собраа во центарот на главниот град на Молдавија на анти-владин митинг во организација на прозападните партиски лидери. Многу од присутните на плоштадот "Големото национално собрание" во Кишњев се луѓе кои живеат во странство и се вратени во Молдавија за нивните летни одмори. Учесниците протестираат против политиката на владата предводена од Демократската партија, на чело со контроверзниот милијардер Владимир Плахотњук.
Мавтајќи со молдавските знамиња и знамињата на ЕУ, тие извикуваа слогани како "Долу мафија" и "Плахотниук во затвор". Демонстрациите беа организирани од проевропската, опозициската Партија за акција и солидарност (ПАС), Платформата за достоинство и вистина и Либералдемократската партија во Молдавија. На плоштадот се одржуваат и две други собири, вклучувајќи го и митингот на возачите кои бараат пониски цени на горивото.