Кремљ: Путин подготвен за разговори со Трамп на претстојните самити
Рускиот претседател Владимир Путин е можно да одржи разговори со американскиот претседател Доналд Трамп на три самити до крајот на годината, соопшти Кремљ.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, во денешно интервју за весникот „Известија“ изјави дека разговорите меѓу двајцата лидери се можни на претстојните меѓународни настани во Сингапур, Франција и Аргентина.
Според Песков, Кремљ сака да се одржат овие разговори, но истакна дека сето тоа „зависи од реципроцитет.“
На 11 ноември лидерите од сите земји вклучени во Првата светска војна ќе се соберат во Франција на одбележување стогодишнина од крајот на конфликтот.
Путин и Трамп исто така се очекува да присуствуваат на самитот на Источна Азија во Сингапур, кој ќе трае од 11 до 15 септември, како и на дводневниот самит на Г20 во Буенос Аирес кој почнува на 30 ноември.
Путин и Трамп одржаа разговори на 16 јули во Хелсинки. Двајцата лидери дискусијата ја оценија како успешна и продуктивна.