Германија екстрадираше во Русија осомничен исламски милитант
Германија екстрадираше лице од рускиот регион Северен Кавказ во Русија, каде се соочува со наводи за учество во терористички активности за поддршка на забранетата исламска екстремистичка група.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) не го именуваше лицето кое беше екстрадирано на 30 август, велејќи дека е родено во 1987 година во рускиот регион Кабардино-Балкарија.
ФСБ соопшти дека лицето е обвинето за наводно помагање и поддршка на забранетата исламска група Имарат Кавказ во Северен Кавказ и за учество во борби во Сирија заедно со милитантите на групата на Исламската држава.
ФСБ исто така соопшти дека властите го сомничат лицето за употреба на лажни документи, кога се обидело да добие статус на бегалец во Германија.
Според податоците на руската Влада, околу 2.000 руски државјани се бореле заедно со милитантите на ИД во Сирија, повеќето од регионот Северен Кавказ.