Шекеринска: Црна Гора е инспирација дека се отворени вратите на НАТО
Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска по средбата со нејзиниот колега од Црна Гора, Предраг Бошковиќ за време на посетата на Центарот за обука на воени пилоти изјави дека искуството кое го има Црна Гора е мотив и инспирација дека вратите на НАТО се отворени и дека земјите како Македонија и Црна Гора и покрај сите предизвици можат да успеат во зацртаното.
Бошковиќ рече дека Црна Гора е најголем заговорник за членството на Македонија во НАТО. Тој порача дека последната година, откако Црна Гора се зачлени во Алијансата, има значителни бенефити во економијата, од целосно намалени политички тензии до економски раст.