Могерини: ЕУ ќе го поддржи секој договор меѓу Белград и Приштина
Европската унија ќе го поддржи секој договор меѓу Белград и Приштина кој е во согласност со меѓународното право и европските правни норми, изјави денеска во Виена шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.
Таа наведе дека Европската комисија сака да ги заврши преговорите меѓу Белград и Приштина во наредните месеци, пред крајот на мандатот на Комисијата, но дека решението мора да биде во согласност со европските вредности кои се против етнички чисти земји.
„Секој договор кој взаемно ќе се договори ќе ја има нашата поддршка, ако како што сега се дискутира, е во согласност со меѓународното право и европските правни норми", рече Могерини.