Албанската опозиција нема договор со власта за локалните избори
Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша ја отфрли можноста за постигнување договор со владејачките социјалисти и формирање заедничка власт.
„Не сакам никаква заедничка власт со Еди Рама, ни најмалку со него,без решение на политичката катастрофа во која се наоѓа земјата“,рече Баша.
Тој порача дека не е тајна оти обединетата опозиција на локалните избори ќе настапи со заеднички кандидатски листи.Тоа, според него, е резултат на волјата на двете партии.