Барние најави кратко продолжување на разговорите за Брегзит
Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние ја “отвори” за кратко можноста за продолжување на разговорите за да се постигне договорот со Лондон, велејќи дека тие мора да бидат завршени до средината на ноември. Британија треба да го напушти блокот на 30 март, но двете страни сакаат да го потпишат договорот за излегување на Бристанија од ЕУ до самитот на ЕУ од 18 до 19 октомври, за да им овозможат на своите парламенти доволно време да го усвојат договорот.
"Ако го земеме предвид времето потребно за ратификација на договорот за излез од Британскиот парламент, како и од Европскиот парламент , тогаш мораме да ги завршиме преговорите до средината на ноември, а тоа е можно , не ни треба повеќе време. Сега ни се потребни политички одлуки", изјави преговарачот на Брегзит, Мишел Барние, во неделното издание на Франкфуртер алгемејне цајтунг.
Но, разговорите се моментално заглавени на клучните прашања, вклучувајќи и како да се избегне границата помеѓу Ирска како земја членка на ЕУи британската провинција Северна Ирска, како и за идните трговски односи. Со оглед на ќор-сокакот, двете страни почнаа да ја разгледуваат идејата за продолжување на разговорите. Бритинскиот министер за Брегзит, Доминик Рааб, неодамна рече дека постои "слобода" за да се пропушти крајниот рок за постигнување на договор пред самитот во октомври. ЕУ во меѓувреме има за цел да й дозволи на Британија преоден период до крајот на 2020 година, дозволувајќи им на бизнисите и другите време да се прилагодат на иднината по Брегзит.