Продолжува судењето за „крвавиот четврток“ со сослушување на сведоци
Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година, со сослушување на сведоци предложени од обвинителството.
Најавено е на денешното рочиште да бидат сослушани Петре Шилегов и Мухамед Зеќири, откако на минатото рочиште сведочеа Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.
Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие на претходното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.