Албанија и Македонија немаат друга агенда освен ЕУ
Ние немаме друга агенда. Немаме друга перспектива. Албанија и Македонија и сите други земји од Западен Балкан ја имаат истата агенда, евроатлантска интеграција и треба да се стави домашната агенда во овој контекст, вели професорот по политички науки и меѓународни односи и декан на факултетот Епока во Тирана, Лисен Башкурти во разговор за Радио Слободна Европа.