Британија: Путин ја сноси крајната одговорност за труењето на Скрипал
Рускиот претседател Владимир Путин ја сноси крајната одговорност за труењето со нервен гас на поранешниот руски шпион и неговата ќерка во Англија во март, изјави денеска британскиот министер за безбедност Бен Валас.
Валас рече дека Путин „раководи, финансира и ја раководи“ руската воена разузнавачка служба ГРУ, која Британија ја обвини за користење на нервниот гас „Новичок“ против поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Двајцата го преживеаја нападот и наводно моментално закрепнуваат на тајна локација.
Прашан дали Путин е одговорен за нападот, Валас за Би-Би-Си рече: „на крајот тој го прави тоа како претседател на Руската Федерација и тоа е неговата влада која го контролира, финансира и која раководи со военото разузнавање“, рече Валас додавајќи: „мислам дека никој не може да каже дека Путин не ја контролира неговата држава.“