Земјотрес со јачина од 8,1 степени го погоди Фиџи
![Земјотрес со јачина од 8,1 степени го погоди Фиџи](https://gdb.rferl.org/B778D2F6-62EC-469A-AEA6-DB576644052D_w800_h450.jpg)
Земјотрес со интензитет од 8.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран на 123 километри југоисточно од Фиџи, на длабочина од 669 километри, соопшти денеска американскиот Геолошки центар. Се проценува дека по овој земјотрес, нема опасност од цунами во Тихиот Океан.