Заев: Нема директни докази за мешање на Русија во внатрешните работи на Македонија
“Ставовите на пријателска Русија, но и на другите пријателски земји се познати. Сите заедно се за ЕУ, но за НАТО Русија има поинаков став од ЕУ и САД. Но, за нас е важен ставот што го имаат мнозинството граѓани на земјава, кои не гледаат друга алтернатива освен полноправно членство во НАТО и ЕУ”, рече Заев.
Нагласи дека бројките се над 80 отсто граѓани за НАТО, а само пет отсто против.Премиерот истакна дека односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области - економијата, православното христијанство, културата, образованието и друго, но напомена дека алтернативна за НАТО и ЕУ нема.