Меј: Средбата на 20 септември е многу важна за Брегзит
„Премиерката изјави дека следната среда ќе отпатува во Салцбург за да учествува во неофицијалната средба на врвот на ЕУ, која истовремено ќе биде важна фаза во преговорите за Брегзит и можност за размена н а мислења со другите членки на ЕУ за заедничките предизвици. На средбата лидерите првпат ќе разговараат за Белата книга на британската влада, која содржи голем број сериозни и доверливи предлози“, рече портпаролот на Меј.