ЕУ започна казнена постапка против Унгарија
Европскиот парламент денеска гласаше за започнување на казнената постапка на ЕУ против Унгарија за постојано игнорирање на демократските правила, јавува Ројтерс.
Со 448 гласови „за“, 197 против и 48 воздржани, предлогот беше усвоен на пленарната седница во Стразбур, со што за прв пат европското законодавство иницираше процедура за активирање на Членот 7 против земја членка на Унијата.
Истата постапка во декември 2017 година Европската комисија ја започна против Полска.