Меркел против укинување на санкциите врз Русија
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека санкциите на ЕУ врз Русија ќе останат во сила се додека не се постигне одржливо примирје во Украина врз основа на договорот од Минск.
Таа за време на посетата на Литванија, истакна дека нивна цел и натаму е враќањето на мирот и територијалниот интегритет на Украина. Според неа, санкциите нема да бидат укинати се додека не се оствари напредок во спроведувањето на договорот од Минск.