Папата ја повика мафијата на Сицилија да прекине со криминалот
Папата Франциск ја повика мафијата во Сицилија да прекине со криминалот и насилството, порачувајќи дека на островот му се потребни „мажи и жени на љубовта, а не мажи и жени на честа“, алудирајќи на терминот кој мафијашите го користат. Според папата, припадниците на организираниот криминал, од кои повеќето се верници не може да веруваат во господ и да бидат мафијаши во истовреме.
Папата го посети Палермо за комеморацијата на свештеникот Џузепе „Пино“ Пуглиси кој беше убиен од мафијата во 1993 година, бидејќи ја предизвика контролата на организацијата врз една од населбите во градот.
Пуглиси беше убиен на неговиот 56-ти роденден за време на крвавата офанзива на мафијата против државата и кој било друг кој му се закануваше на постоењето на групата. Судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино беа убиени од бомби во Палермо во 1992 година.