Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија
Агенцијата Стандар и Пурс соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ-/Б, со стабилен изглед. Според извештајот, како што информира Министерството за финансии, политичката неизвесност е намалена со зајакнувањето на парламентарното мнозинство, што би требало да ја олесни имплементацијата на реформите. Извештајот нотира дека е направен напредок во неколку приоритети, истакнувајќи го подобрувањето на фискалната транспарентност.
Исто така, се забележува напредокот во решавањето на спорот со Грција околу името. Според Стандар и Пурс, евентуалниот неуспех на референдумот би можел да резултира со нова политичка криза во Македонија. Од друга страна, успешното разрешување на проблемот со името би го отворил патот за преговори за членство во ЕУ и НАТО.
Тоа, како што се наведува, би имало долгорочни економски придобивки како резултат на имплементирањето на реформите во текот на преговорите, како и придобивки од подобрената доверба на инвеститорите и приливите на странски инвестиции.