Швајцарија: Руски шпиони се обиделе да хакираат лабараторија
Швајцарските власти ги потврдија наводите дека во Холандија биле уапсени и протерани двајца руски шпиони порано годинава, откако тие наводно се обиделе да хакираат швајцарска лабараторија која спроведува тестови на хемиско оружје. Швајцарија го повика рускиот амбасадор во знак на протест поради наводиниот напад, но Москва ги негираше обвинувањата за шпионажа и други видови на мешање.
Швајцарската лабараторија ги анализирала примероците од труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Англија.