Серија напади во Авганистан, над 27 загинати
Во неколку последователни напади на талибанците во Авганистан се убиени најмалку 27 припадници на авганистанските безбедносни, објави АП, повикувајќи се на информации од локалните власти.
Авганистанските власти соопштија дека се нападнати контролни пунктови, воени и полициски бази низ целата земја. Портпаролот на талибанците Кари Јусуф Ахмади рече дека тие ја преземаат одговорноста за некои од нападите, но не за сите.