Трента: Историски момент за Македонија со поглед кон иднината
Италијанската министерка за одбрана Елизабета Трента, по денешната средба со нејзината колешка Радмила Шекеринска во Скопје, изјави дека Македонија е пред „историски момент за Македонија што гледа кон иднината“.
„Се базира врз Преспанскиот договор потпишан со Грција и треба да се реши само последното прашање. Се наоѓаме пред фазата на клучниот референдум со кој ќе се реши најбитното нешто за Македонија, а тоа е иднината во евроатлантската заедница кон која македонскиот народ гледа со позитивен став“, рече италијанската министерка.
Таа додаде дека ова е нејзина прва посета на Балканот и за почеток на турнејата ја избрала токму Македонија, бидејќи „земјата се наоѓа во еден посебен, многу сериозен момент“.