Путин и Ердоган договориле демилитаризирана зона во Идлиб
Во рускиот град Сочи, претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, денеска се договориле за формирање демилитаризирана зона во сириската провинција Идлиб долж линијата на фронтот меѓу бунтовничките сили и единиците на сириската армија, објави АП.
Според договореното, зоната ќе биде широка 15 до 20 километри и ќе се простира по целата должина на фронтот. Се очекуваа оваа зона и официјално да биде воспоставена до 15 октомври, а руски и турски војници ќе бидат испратени да патролираат долж неа.