Тевдовски: поддржуваме решение пензонерите да не вршат регистрација во УЈП
„За да излеземе во пресрет на граѓаните, УЈП работи на решение да им се олесни на пензионерите кои немаат дополнителни приходи надвор од пензиите за практично дури и да немаат потреба да одат во УЈП. Тоа, пред се, е работа на УЈП, но јас лично поддржувам такво решение и сметам дека УЈП во моментот работи на разгледување на решение да им се олесни на пензионерите“, рече Тевдовски.
Тој посочи дека проектот што го спроведува УЈП е почнат од претходната влада и е поддржан со пари од ЕУ.